Дали филантропијата, која во буквален превод значи љубов кон луѓето, може да биде нешто лошо? Може, ако е во спрега со капитализмот, кој под плаштот на таа иста љубов само ја поддржува постоечката нееднаквост, спречувајќи ја порамномерната дистрибуција на богатство и моќ.