"Претприемачката идеја се уште е недоволна и поединецот нема шанси сам да успее," вели раководителот на неодамнешно истражување на 2.500 семејства од Србија кое покажало драстично осиромашување на оние кои веќе едвај составуваат крај со крај.
Наспроти идејата за рамноправни шанси, вертикалната промоција останува клучно одредена од родословот. Родителите не им оставаат на своите деца само пари туку и ветар в грб за нивниот успех.
Третина од децата од работнички семејства заминува на село топејќи се во најсиромашниот слој на населението, а половината "механички" ги наследува занимањата на татковците. Само 2 процента од нив завршуваат факултет и стануваат успешни директори, политичари или сопственици на големи фирми.
Од друга страна, речиси половина од младите менаџери или раководители имаат татко – ист таков. Само една десетина од синовите и ќерките на успешните завршуваат необразувани и сиромашни.
Идејата за "две Србии" во кои има еден мал број богати кои се саморепродуцираат од една и сиромашна маса од друга страна е повидлива од пред три децении. Дури 23 проценти луѓе со средно училиште сега спаѓа во најсиромашниот слој. Кон крајот на 80-тите, на раб на сиромаштија се наоѓале само 16 проценти трговци и занаетчии.
Најтежок пораз доживеале српските земјоделци меѓу кои денес има 20 проценти повеќе сиромашни отколку на почетоците на транзицијата.