Првата реклама за Ајфон:
Ајфонот прво требаше да се објасни
ЦНЕТ - Има екран на допир!
Ја комбинира технологијата од неколку уреди. Има голем екран во боја и ја нема традиционалната тастатура, туку работи со интерфејс на екран на допир кој ви овозможува со движење на прстот да го вртите лево десно, да давате команди на допир, па дури и да ги зголемите фотографиите со ширејќи ги со два прста.
НПР - Дали стварно ти треба ова?
Ова е мобилен телефон, ова е плеер за музика, ова е фото-апарат, ова е уред со интернет, и многу друго. Запрашајте се дали навистина ви треба ваков хај-тек додаток.
Јаху
Ајфонот е мултимедијален мобилен телефон со интернет произведен од Епл. Ајфон е револуционерен мобилен телефон кој ти дозволува да се јавиш со едноставно допирање на името или бројот во листата со контакти. Тој исто така автоматски ги синхронизира сите твои контакти од ПЦ, Мекинтош или некој интернет сервис. И можеш да избереш да слушаш гласовни пораки по кој редослед и да сакаш - исто како и меил.
Хејтери
ТечКранч - Предвидуваме дека Ајфонот ќе пропадне
Се до 29-ти јуни тешко нешто повеќе да се каже за Ајфонот, ама една работа можам да ви кажам речиси со сигурност: овој производ речиси гарантирано е исфрлен на пазар многу побрзо отколку што инженерите на Епл тоа би го сакале...
Сакбастер - Фундаментално погрешен дизајн
Имам три специфични причини зошто дизајнот на Ајфон ќе доведе до негов крах на ист начин како што тоа му се случи на задоцнетиот и недожален Њутн, само што овој пат сето тоа ќе биде многу погласно и појавно заради вниманието што го доби: Прво, Ајфонот ја игнорира главната причина за успехот на Ајпод: едноставноста и леснотијата за користење... Второ, Ајфонот има напукано премногу функции во една кутија... Трето, на корисниците ќе им се гади екранот на допир заради тоа што тој не враќа никаков фидбек.
ЦЕО-то на Микрософт, Стив Балмер
Нема шанса Ајфонот да добие каков било позначителен пазарен удел. Нема шанса. Ова е субвенциониран уред од 500 долари. Тие заработуваат еден куп пари. Но ако ги загледаш 1,3 милијарди мобилни телефони, јас повеќе претпочитам да го имам нашиот софтвер во 60, 70 или 80 проценти од нив, отколку да го имам во 2 или 3 проценти колку што Епл може да собере.
Гардијан - Анализите на пазарот не се позитивни
Долго очекуваниот Ајфон на Епл, кој во САД денес оди на продажба, ќе има проблем да се пробие кај меинстрим корисниците заради недостатокот на 3Г конекција и малата побарувачка за уреди кои спојуваат повеќе функции во една, според истражувањата.