Македонија до Зимбабве!

Како би изгледала ситуација кога Македонец би сретнал Зимбабвежани? Пробајте да ни поверувате во оваа приказна: Наш човек по потекло од Битола а по професија банкар е викнат на свадба во Зимбабве, да биде девер на другар му.

Оди тој во Зимбабве, зема неколку сватови и почнува да ги учи оро. Орото станува сè поголемо а сватовите го навежбуваат дури и чучнувањето и покличот Опа!

Нели е светов прекрасен?

Бидејќи знаевме дека нема да ни верувате, за секој случај набавивме и видео. Ајде комити!

8 ноември 2012 - 11:37