Паљото како Bear Grylls

Не неколкумина битолчани кои ми фрлија ишарет им пишав дека нема да ги објавам клиповите бидејќи иако бескрајно го сакам Паљото, видеата  му се тиња. Сè додека еден од нив не ми одговори: Баш затоа се прејаки! И стварно, баш затоа! Несудениот битолски градоначалник гледал Дискавери, ја сконтал финтата и еве го на Пелистер, тивко, полека, да не ги разбуди мечките. Акција, возбуда, трилер, напнатост, опасност....не.

Клип број 1: Поздрав до колегата од Дискавери, основно инфо за Пелистер, запознавање на гледачите со ножот и потрага по реката:

Клип број 2: Паљото ја наоѓа реката! Инклудинг: наоѓање траги од два волка и откритие дека во шумата има и - гранки.

Клип број 3: Паљото решава да го проба својот нов нож, да види дали сече, бидејќи му е нов. Спојлер: Му сече!

Сакаме уште!

4 февруари 2014 - 16:29