Интернет, го гледаме погрешно

Е, да, лесно е да кажеш дека некој во жица видел спојувалка. Сега и ние ја гледаме така. Ама овојпат, жицата ни е пред нос. Со години.

Не е нова идеја, ама сè повеќе луѓе го прават тоа, бидејќи - има логика. 

Проста е поентата: мониторите се хоризонтални а вебот е главно вертикален.

Решението уште поедноставно: свртете го мониторот вертикално, бидејќи малку поспоро би било да чекате интернетот да се сврти.

Ние сме култура од лево кон десно. Така цртале по пештери, така се ткаат килими. Но, во некој момент интернет содржината реши да оди - вертикално. За да се удоволат и тие со помали монитори, огромен дел од видливата површина останува неискористен.

Вртењето на мониторот за 90 степени комплетно ја менува играта. Подобро се читаат веб страни (повеќето од нив), подобро се пишува (бидејќи имаш чувство за целината) и не те фаќа грев што некои пиксели везден џабе светат.

Еве колку офф се гледаат во двете варијанти (на 22 инча, 1980x1020):

 

20 март 2014 - 10:25