2014-та неработна:
- садевме цвеќе
- поливавме цвеќе
- местевме тенда на тераса
- частевме за тендата
- монтиравме шанк на тераса
- частевме за шанкот на терасата
- вртевме лепче, двапати, бидејќи во првото не најдовме париче
- отидовме на доручек и не се вративме
- отидовме на чорба и не се вративме
- отидовме за да не се вратиме
- почнавме да збориме за јадење и завршивме во Велес на пастрмајлија
- зборевме за јадење од глад
- зборевме за јадење додека јадевме
- зборевме за јадење што сме јаделе
- наменски одевме во Велес на пастрмајлија заради фракционерството во фирмава на тема која кафана ја прави најдобрата пастрмајлија.
- пак во Велес, ништо не е решено
- Чедо дојде, Чедо рече ќе дојде, имавме состанок со Чедо, ноќеска го видовме Чедо во град, отидовме на чорба со Чедо, требаше да збориме за работа со Чедо, бевме да видиме видевце...
- Митре
- Боби, Боби, Боби, Боби, Арсо, Боби, Боби, Арсо, Пимен, Боби, Коче, Арсо, Боби, Пимен, Арсо, Арсо, Боби...
- Адо, Адо, Адо
- Сале, Саки, Пепел
- Димсата ни беше на гости
- Декла, Пепи, Елена, Невенка
- Пекинезери ни беа на гости и ни донесао куп пива. А после и докупивме.
- правевме тостови кај Илина
- правевме скара кај Илина
- правевме тостови на тераса
- правевме скара на тераса
- правевме доручек на најразлична тема
- јадевме мекици за Иван на Јумбо
- монтиравме телевизор и сараунд во канцеларија (второво уште не работи)
- имаше светско во фудбал (цел месец)
- имаше зимска олимпијада
- Илина донесе плејстејшн
- Илина донесе доручек
- Илина донесе благо
- беше убаво времето, не се седеше на работа и отидовме на салата
- беше убаво времето, па ја тестиравме терасата
- славевме роденден на офф.нет
- се расправавме на фејсбук
- се расправавме на твитер
- се расправавме по мејлови
- се расправавме меѓу себе
- се расправавме со Чедо
- се расправавме со Чедо
- се расправавме со Чедо
- слушавме стара музика
- баравме нова музика за слушање
- слушавме музика
- свиревме гитара
- игравме флеш игрици
- игравме игрици на мобилен
- избиравме место за закачување на наградата за сајт на годината
- ставaме нов постер во веце, филмски, на тема "Јазол". А може тој проект ќе го оставиме за 2015-та.
Треба и догодина нешто да не се работи.
Од офф.нет.мк, со неработење