И покрај благата комичност на заповедиве, моќта на музиката да поттикне анархично однесување, или обратно, да дисциплинира, е јасна. Само умерено алегро, никако со тегнење жици, а ако мора нешто народно, тогаш само шупелка!
1. Композициите во фокстрот (таканаречен свинг) не смеат да преминуваат 20% од репертоарот на малите состави.
2. Во овој таканаречен џез репертоар предност мора да им се дава на композициите во дурска скала и на текстовите кои изразуваат радост на животот, наместо на еврејско-мрачни текстови.
3. Што се однесува до темпото, предност мора да им се даде на брзите, остри композиции во однос на спорите, таканаречени блуз, но темпото не смее да мине одреден степен на алегро, кој е пропорционален со Аријевската смисла за дисциплина и умереност. Во никој случај нема да се толерира негроидната раскалашност во темпото (таканаречен "хот џез") или во соло настапите (таканаречени паузи)
4. Таканаречените џез композиции мораат да содржат најмногу 10% синкопи. Нотната тетратка мора да содржи природни легато премини без хистерични ритмички пресврти карактеристични за варварските раси и соодветни на мрачните инстикти кои му се туѓи на германскиот народ (таканаречени рифови, кратки ритмички фрази повторувани во текот на импровизацијата)
5. Строго е забранета употребата на инструменти туѓи на германскиот дух (таканаречени кравји ѕвона, флексатони, метлици и др.) како и на сите пригушувачи кои го претвораат благородниот звук на дувачките инструменти во еврејско-масонски крици
6. Исто така се забранети таканаречени drum-breaks, тапанарски паузи подолги од еден такт во 4/4 такт (освен во стилизираните воени маршеви)
7. Контрабасот мора да се свири исклучиво со гудало во танакаречените џез композиции
8. Тргањето на жиците е строго забрането затоа што е штетно, како за инструментот, така и за ариевската музикалност, ако е таканаречениот „пицикато ефект" потребен за карактерот на композицијата, посебно внимание мора да му биде посветено на тоа жицата да не тупка по пригушувачот што секако е забрането
9. На музичарите исто така им е забрането да изведуваат вокални импровизации (таканаречен „скат")
10. На сите помали состави и танцови оркестри им се советува да се воздржат од употреба на сите видови саксофони и да ги заменат истите со виолончело, виола или по можност со примерен фолклорен инструмент
Интервју со Шкворецки во Paris Review за неговите џез инспирации и новелата тука