Сергеј мангупиште, се измеша на Олимпико меѓу ултрасите

Српската фудбалска ѕвезда направи големо изненадување на мечот меѓу Милан и Лацио. Се појави на стадион, ама како навивач, а не во ВИП ложа. Каков потег.

Сергеј Милинковиќ Савиќ го направи гестот, со кој се освојува срцето на секој навивач. Се врати на Олимпико за мечот од нокаут фазата во Купот на Италија меѓу Лацио и Милан, ама директ на трибина со навивачите.

Можеше тоа да го направи како што го прават скоро сите фудбалери, да се смести во ВИП ложата на удобна кожна фотелја, со мини екран пред себе и да ги добие сите удобности, како коктел.

Но наместо тоа, тој избра да застане меѓу навивачите, кои со овој потег, ги купи за до крај на живот, без разлика што го напушти Лацио поради арапските милиони.

Го пречекаа со прегратки, овации и скандирања, а му спремија и парола на која стоеше:

„Застана меѓу нас, затоа што ти си еден од нас. Добредојде назад Сергеј“.

Милинковиќ Савиќ ќе остане легенда на Лацио каде се изгради како лидер на тимот со фантастични 8 сезони (2015-2023). Освои три трофеи, одигра 341 натпревар и стана прв стрелец меѓу странците во тимот со 69 гола, со што го сруши рекордот на Пандев, кој замина со 64.

Друштво на трибина му правеше уште една легенда на тимот, а тоа е романскиот дефанзивец Стефан Раду, кој е рекордер во историјата на Лацио со 427 меча. Тој е редовен на трибина во друштво на тифозите.

Инаку Лацио го елиминираше Милан со 1:0 со голот на Ѕакањи во 80-та минута, а Сергеј и Раду експлодираа од радост и уште еднаш ја потврдија силната врска со тимот и навивачите.

5 декември 2025 - 15:13