Ненормален кош на Саша Везенков за Олимпијакос, цела сала се држеше за глава

Неверојатна тројка од пола терен го одбележа дуелот од 12. коло во Евролига меѓу Макаби Тел Авив и Олимпијакос одигран на Кипар. Кога се чинеше дека се е готово а израелскиот шампион имаше три поени предност, на 1,2 секунди до крајот, Везенков погоди досега невидена тројка од агол речиси исфрлен во аутот и израмни на 82:82. Така Олимпијакос избегна пораз во основното време а потоа славеше во продолженија.

18 ноември 2026 - 09:36