Избраниците на Гоце Седлоски го завршија првото издание во Б дивизијата бедно со 0 нула бодови, 6 порази и само еден постигнат гол.
Серијата без победа сега изнесува 435 дена (1 година, 2 месеци и 9 дена)
Последниот триумф датира од 7 септември 2025 против Лихтенштајн од 5:0 во рамки на квалификациите за Светското првенство.
Од тој натпревар Македонија има 14 последователни меча без победа, или 4 ремија и 10 порази.
Овие резултати заедно со лошата игра го донесоа и рекордно најслабото посетениот меч на нашиот национален тим на Градски, барем откако електронски се води статистиката.

На Трансфермаркт прочитавме податок дека на трибините имало 1.875 гледачи, но не ни се веруваше со оглед на најавите дека биле продадени околу 5.000 влезници.

Но, истата бројка стои и во официјалниот записник објавен на сајтот на УЕФА. Против Гибралтар во Д конкуренцијата од Лигата на нации имало 2.152 гледачи.