Таг: македонска фудбалска репрезентација

Ништо не е сигурно ниту за баражот, сега и Велс се прашува

Македонија речиси сигурно ги загуби шансите за првата позиција и сега ќе ја брката другата опција за остварување на мундијалскиот сон, која води низ подолг и потежок пат.

Истиот проблем на Градски со децении

Супер е тоа што Градски синоќа крцаше за Македонија, ама што беше со сцениве надвор? Митинг. Со оглед на големата продажба на билети, ФФМ апелираше да се оди најмалку еден час пред натпревар, ама џабе, пак иста песна. Но да не заборавиме уште еден факт. Јужна и Северна имаат само по два влеза, што значи проблемот ќе се влече уште децении. Во 20:45 уште не беа влезени сите.

Јака ретро фотка на денот

Налетавме на фотографија од македонската фудбалска репрезентација, стара 29 години или поточно од 9 ноември, 1996-та. Ден на кој ја остваривме највисоката победа во историја од 1:11 против Лихтенштајн. Рекорд кој тешко се руши. Се работи за мундијалските квалификации 1998. Каква банда.

Сите математики за остварувањето на мундијалскиот сон

Македонската фудбалска репрезентација има импресивна двегодишна серија без пораз. Нека остане така. Со две од две до крај ќе бидеме на големиот светски собир во САД, но само ако ни се поклопи еден резултат.

„Бисер балкански“ и „Заветна“ среде Гент

Македонија имаше голема поддршка на важното гостување во Белгија каде стигна до голем бод, со кој ги задржа шансите за историски пласман на СП 2026. Нашите навивачи во форма, секогаш и секаде.

Мундијалскиот сон е жив, Милевски паркираше автобус во одбрана

Се повтори Брисел 1994-та. Македонската фудбалска репрезентација освои голем бод на гостувањето против големиот фаворит Белгија. На 2 кола до крај остануваме први на табела, но со натпревар повеќе.

Ремито против Белгија и голот на Чоко со коментар на Атанас Костовски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва како лидер во групата Ј го игра 6. квалификациско коло за СП 2026. Мундијалскиот сон е сè уште жив. Следува најтешкиот натпревар. Можеби и клучен.

Милевски: Никој не може да ни го одземе сонот за Мундијал

Македонската фудбалска репрезентација овој месец се соочува со две средби кои можат да значат историја, а тоа е пласман на Светско првенство, после бајката пред пет години. Задачата не е лесна, но е остварлива.

Петарда на Градски, табелата за мерак

Македонија успешно оди по новиот историски поход, кој се вика Светско првенство во САД 2026. Рутинска победа против Лихтенштајн на еден месец пред многу важното гостување против Белгија.

Лабаво со GoPro камерата на Александар Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација со почеток од 17 часот игра пријателска против Саудиска Арабија во Прага, а во недела го пречекува Лихтенштајн во квалификациите за СП. Во пресрет на двете средби, Трајковски сними материјал на кој може да се види како се релаксираат репрезентативците. Пред тренинг се собираат во соба на карти, а потоа на кафе.

Браво деца, така се игра фудбал

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години ја совлада Црна Гора со 3:0 на пријателска која се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелци Адриан Велевски, Марин Крстевски и Стефан Ристиќ. Сите три гола ги изработија атрактивко и многу фудбалски.

Македонија ја победи Бугарија на хуманитарниот меч за Кочани, гол и асистенција на Пандев

Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија го одиграа пријателскиот, хуманитарен натпревар за жртвите во Кочани. Помина во пријателска атмосфера.

Македонија собра славни фудбалски имиња за хуманитарниот меч во чест на Кочани

ФФМ ја потврди пријателската средба меѓу Македонија и Бугарија. Низа на легенди повторно ќе го облечат дресот на македонската репрезентација. Меѓу нив и Горан Пандев. Кај Бугарите Валери Божинов.

Тоше, Андреј од ДНК и Кочани

Време невреме. Вечерва гледав фудбалски натпревар каде фубдалот ми беше во втор план. На теренот фудбалски меч со трилер завршница, во моите мисли Кочани, жртвите, ДНК...

Драма со несреќен крај за Македонија, Велс се спаси од пораз во 96-та минута

Македонската фудбалска репрезентација за влакно не освои големи три бода против островјаните кои дојдоа како фаворити и кои се 29-ти на рангот на ФИФА.

Цел стадион ракоплескаше во 59-та минута за 59-те жртви во Кочани

Емотивен момент се случи на вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Велс. Во 59-та минута цела публика стана да аплаудира за трагично загинатите во дискотеката во Кочани. На нозе беа и легендите Горан Пандев и Илија Најдоски, како и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

20.000 грла ја згрмија македонската химна

Јужна и Северна трибина крцаат на Градски, македонски навивачи има и на Запад, а Велшаните во бројка од околу 2.000 се сместени на Исток. Ежење беше да се слуша химната на Македонија во живо.

Ечат ДНК и Бисер балкански на Градски

Загревањето на фудбалерите на Македонија пред мечот со Велс почна со дополнителна мотивација. Се слуша хит на Андреј и Панчо од ДНК, а потоа грмна и неофицијалната химна Бисер балкански.

Обединети во тагата

„Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, Македонска А репрезентација.

Во Вадуз да нема навивање

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за новиот квалификациски циклус за СП 2026. ФФМ ги сведе медиумските активности на минимум, а навивачите најавуваат мирно следење на мечот.

Поволна ждрепка за Македонија во квалификациите за Светско, ги избегнавме гигантите

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за СП 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Имавме среќа.

Милевски: Состојбата со теренот не е нормална

Македонската фудбалска репрезентација со години се бори против лошата трева на Градски. И таман кога помисливме дека е џам направена, пак не чини, а двојно повеќе пари се дадоа од онаа на Алијанц арена.