Нов очај на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го загуби и 2. коло од новата сезона во Лига на нации. Шести меч по ред сме без постигнат гол.

Македонија загуби на гостувањето против Словенија со 2:0. Повторно слаба и безидејна игра и нов натпревар без постигнат гол. Kако и да се очекува такво нешто, кога во 90 минути игра имавме само еден удар во рамки на гол.

Словенците не блескаа, но сепак беа подобар противник и играчки и статистички. Имаа вкупно 16 удари од кои 5 во рамки на гол.

Уште во 2 минута ја погодија пречката, а веднаш потоа Македонија ја направи најубавата акција на мечот, каква што не повтори до крајот. Елези не успеа да ја претвори во гол. 

Истиот играч се закани и во 26 минута и тоа беше сè во нападот на Македонија во првиот дел. Неколку минути подоцна Випотник им побегна на нашите дефанзивци, но беше непрецизен.

Вториот дел повторно беше кобен за нашиот национален тим. Санди Ловриќ во 55-та го отвори резултатот. 

Седлоски реагираше со Енис Барди, Христијан Малески, Лука Станковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски. Македонија заигра поконкретно, но не беше доволно опасна. 

Најголемата шанса ја имаше Малески, но Облак го одбрани неговиот удар. Млакиот притисок не резултираше со израмнување.

Аљоша Матко во 82-ра минута го матира Димитриевски за победа од 2:0.

Во 3. коло на 3 октомври ја пречекуваме Шкотска во Скопје со почеток од 20:45 часот.

29 септември 2026 - 22:36