- Матеј Гаштаров полека, но сигурно се наметнува како еден од поважните фудбалери во Црвена Ѕвезда. Има 16 настапи, еден гол и две асистенции, а на гостувањето против Гент со прекрасен гол му донесе бод на својот тим.
- За неговата улога во тимот зборуваше и тренерот на Нови Пазар, Ненад Лалатовиќ, во пресрет на неделниот првенствен дуел со Црвена Звезда. Тој смета дека македонскиот фудбалер треба да добива повеќе можности во средниот ред и даде висока проценка за неговиот потенцијален трансфер.
- „Зошто од добар играч за врска правиме лош стопер? Зошто од лош десен бек правиме лош играч за врска? Тоа дете можеби во моментов е најдобриот играч за врска во лигата. Ако игра на таа позиција, ќе биде продаден за 20.000.000 евра. Тоа момче не е стопер, но Риера има своја идеја, да создава вишок со него и да ја изнесува топката, бидејќи има феноменален чекор и чувство за простор.“, изјави Лалатовиќ.
- „Македонци претерали“ беше еден од многуте наслови на оваа тема уште пред неколку месеци. Не секој проблем се решава со „дајте друго дете“, во случајов дај друг пасош, уште повеќе ако се знае дека во минатото еден поранешен претседател на федерацијата беше обвинуван дека направил богатство токму од делење македонски пасоши на странски кошаркари.
- Сакаме да веруваме дека во нашата федерација сега причините се кошаркарски, не финансиски, но и да е така, време е да се престане со праксата. Сестина, Мур, Стјуард и Рајт… Четири евролигашки играчи, со добиени македонски пасоши во изминатите 12 месеци. За што? За да губиме од Кипар?
- Ако не им е јасно на луѓето во „куќата на кошарката“, дефинитивно треба да реагираат оние од институциите, да стават крај на ова делење македонски пасоши во спорт каде право на настап има само еден таков натурализиран странец по натпревар.
- А Македонија имаше селектор, домашен тренер што почна да ги спојува коцките во мозаикот и ги почна претквалификациите со сигурни победи. И тој беше сменет за да дојде странец, да се фали дека ги победил Ирска и Луксембург и фијаското од Кипар да го оцени како „само еден пораз“, пишува Стеван Цаневски за Екипа.мк
- Фудбалерите, стручниот штаб и луѓето од управата на Бешикташ морале принудно да слетаат на аеродромот Ризе-Артвин во Турција по поаѓањето од Истанбул, затоа што во текот на летот во воздушниот простор на Грузија каде што треба да играат со израелски Хапоел Бер Шева, приватниот авион бил погоден од молњи и громови неколку пати и доживеал големи турбуленции.
- Според пишувањата на турски Хабер7, луѓе од Бешикташ за каналот ТРТ Спор рекле дека турбуленциите биле мошне сериозни и дека пилотите решиле да го слетаат принудно на аеродромот во градот Ризе. А од таму фудбалерите со автобус и автомобили се упатиле кон Батуми во Грузија.
- „Ова беше најстрашен лет што некогаш сме го имале во нашите животи“, рекол некој од управата на Бешикташ.
- Бешикташ е домаќин на Хапоел Бер Шева во Грузија поради тоа што израелските екипи не гостуваат во Турција од безбедносни причини по војната со Палестина. Израелските клубови воглавно се домаќини во Бачка Топола (Србија), Букурешт (Романија) и во Унгарија и Бугарија.