Крис Џенер успеа да договори рекорден износ во областа на телевизиските риалити програми, потпишувајќи со каналот E! тригодишно продолжување на серијалот вредно 40 милиони долари.
Нејзиниот сопруг деновиве призна дека ништо од тоа не знаел а за договорот разбрал од телевизија.
" Гледав вести и таму рекоа: Кардашиjани потпишаа нов договор. Да? Сме потпишале? Па баш фино," посведочи Брус Џенер во една утринска емисија.
62 годишниот Брус не го сфаќа тоа страшно бидејќи финансиите одамна се во рацете на жените во неговото семејство. Нему не му е незгодно да признае дека има подредена улога во однос на неговата жена иако понекогаш имал чувство дека "тој ја контролира ситуацијата".
Брус Џенер е носител на златен медал во десетобој од Олимпијадата во Монтреал 1976-та година.