Во Радовиш веќе ништо нема да биде исто

ТВ прилог за тоа како „градоначалникот лично му го подари компјутерот на командирот на полициската станица“. „Посакуваме да си го служат со здравје“ ќе каже дарителот, но и отворено ќе даде до знаење дека од својата хардверско-софтверска донација не очекува баш малку:

„Дисциплината во Радовиш да се подигне на повисоко ниво, граѓаните да бидат безбедни и мирни а полициската станица на чело со командирот да прават добро“, ќе рече градоначалникот.

Примателот на подарокот, командирот на полициската станица, делува како питом и мек човек. Иако оценува дека сообраќајната култура на своите сограѓани е на „средно ниско ниво“, тој до нив апелира прописно да се паркираат „барем на главните улици“. И го радуваат ветувањата на министерот Оливер Спасовски дека вакви и сличи проекти (внимание: проекти!) ќе има ширум Македонија.

Градоначалникот е Конзулов, командирот е Крстев а компјутерот е црн.

*****

17 јануари 2019 - 14:59