Борац водеше 2:0 до 86. минута, но потоа капитулираше и прими три гола во финишот.
Домаќините стекнаа предност преку Јуричиќ 22' и Декет 29', но сè се сруши по црвените картони на Паскуал 75' и Херера 88'.
Со двајца играчи повеќе, италијанскиот тим режираше блицкриг за само седум минути.
Најпрво Крстовиќ намали во 86. минута, Колашинац израмни во 90. минута, а во 93. минута македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој влезе во 78-ма минута, асистираше до Ѕапакоста за целосен пресврт и големи три бода за Аталанта.