Можеби поседувате дузина фенси гаџети и апликации кои ви ја покажуваат вашата идеална тежина, но оваа формула е неодоливо едноставна.
Ако сакате да живеете подолго, дијаметарот на вашиот стомак не смее да биде поголем од половина колку што сте високи. Ако сте високи 180 сантиметри, струкот треба да ви изнесува најмногу 90 сантима.
Правилото се однесува на двата пола, без оглед на возраста или пак етничката припадност или културното миље.
Така барем тврдат од лондонскиот универзитет во кој ја утврдиле формулата врз база на податоците за 300.000 возрасни лица во период од 20 години.
Ако струкот ви изнесува 50 проценти (или помалку) од висината, тогаш можете да очекувате да го доживеете просечниот животен век во својата земја (Македонците живеат 4 години пократко од Европејците).
На пример, 30 годишен маж чиј струк изнесува 60 проценти од неговата висина, ќе изгуби речиси две години од животот.
Звучи можеби прифатливо сè додека не се земе во обзир екстремна дебелаана. Човек висок 178 сантиметри кој има стомак од 140 сантима (се постигнува) ќе живее 20 години помалку од она што може да го очекува. Жена со слични пропорции би требало да одземе 10,6 години од просечниот животен век.
Велат дека односот висина- струк е многу порелевантен од моменталниот репер со индексот на телесната маса (БМИ) но и дека според новото мерило, ситуацијата со вишокот килограми во модерните општества е уште поалармантна.