Елиф Елмас полни 26 години. „Дијамантот“ е роден во Скопје на 24 септември 1999-та. Како вчера да беше неговиот прв настап за Македонија против Шпанија, на 11 јуни 2017-та. Кој беше на Градски, знае колку голем впечаток остави на дебито, како 17 годишен талент на Работнички кого го биеше голем глас. Мрме го пушти во игра на полувреме, на местото на Остоја Стјепановиќ. Немаше нит страв, нит пардон кон ѕвездите. Се роваше и добиваше дуели со Иниеста, Бускетс, Иско...
Елиф Елмас ја доби првата шанса од Конте во стартните 11, во убаво друштво во среден ред со Гилмор, Политано, Мектоминеј и Де Брујн. Играше до 58-ма минута, а постигна и гол кој за жал му беше поништен поради офсајд. Наполи - Пиза, конечни 3:2.
Манчестер Сити, Барселона, Спортинг и Ајнтрахт не дозволија потреси во третиот ден од првото коло во ЛШ. Работите за Наполитанците се искомплицираа на тешкото гостување. Ди Лоренцо во 21 минута доби црвен, а Конте од игра го повлече Де Брујн кој малку поигра против своите. Елиф Елмас влезе во 71-ва минута.
УЕФА го издвои голчиштето на Елмас против Лихтенштајн на социјалните мрежи, но доби и коментар од авторот на мајсторијата, која од нејасни причини му беше препишана на голманот како автогол.
Македонија го совлада убедливо Лихтенштајн со 5:0 во 5. квалификациско коло за СП 2026. Елиф Елмас го постигна еден од најјаките голови во кариерата, ако не и најјак. Четворица му стоеа на патот и ги збриша сите до еден. УЕФА слепци, на голманот Бухел му го запишаа голот како автогол, бидејќи топката удри во него па влезе во гол.
Бурно беше во последните денови од летниот преоден рок. Некои од избраниците на Милевски завршија голема работа, но за други сè уште трае неизвесноста во пресрет на репрезентативните обврски.
Во очи на репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, Елиф Елмас се обезбеди со клуб и тоа онаму каде што му беше најубаво. Во Наполи.
Иниеста, Бускетс, Иско, Давид Силва, не гледам дека имаат нешто повеќе од мене. Имаат една глава, две раце и две нозе, вели Елмас, секогаш полн со самодоверба. Вечните мрчатори му прогнозирале дека може само семкар да стане, а тој Скудето освои.
На Елиф Елмас му тргна ептен во Торино. Овој пат на гостувањето против Верона, израмни во 67-ма минута со што го спаси својот тим од пораз. Торино - Верона конечни 1:1. Четврти гол на македонскиот репрезентативец откако направи кам бек во Серија А во јануари.
Трет настап, втор гол на Елиф Елмас во дресот на Торино, кој брзо покажа колку му недостигала Серија А. Претходниот меч против Болоња, овој пат за гостинска победа над Монца од 0:2. Плус одигра 90 минути за прв пат после 22 месеци.
Кога направи кам бек во Серија А, кога постигна гол? Елиф Елмас имаше супер деби настап за Торино. Влезе во 62 минута, даде гол во 65-та и тоа мајсторски, откако ги понижи и чуварот и голманот за предност на гостувањето против Болоња од 1:2.
После слабата минутажа и недоверба од страна на тренерот, нула постигнати голови и по некоја повреда, Елиф Елмас се врати во лигата која повеќе му лежеше и каде освои Скудето и Куп.
Лајпциг го совлада Сент Паули 4:2 и се пласираше во осминафиналето од Купот на Германија. Елиф Елмас доби шанса во 76-та минута и 4 минути подоцна му подаде топка на Антонио Нуса, кој сам дрско и самоуверено ја збриша гостинската одбрана. Додавањето на македонскиот репрезентативец ќе му биде запишано како асистенција. За издвојување е и голчиштето на гостите преку Ерик Смит, кој ги збуни сите.
И втората мега пресметка по Реал - Борусија, заврши со шпанска лекција за Германците. Барселона го декласираше Баерн, а Манчестер Сити и пукна петарда на Спарта Прага. Дури пет гостински екипи собраа по 3 бода во втората вечер од 3. коло во ЛШ. Динамо Загреб го изненади Салцург, а Лил го освои Мадрид. Елмас влезе во 86-та минута, но не успеа да го спаси Лајпциг од пораз против Ливерпул. Интер победи со гол во 93-та.
И покрај тоа што соработуваа само четири месеци во Наполи, на стартот од сезоната 2019/2020 до месец декември, Елиф Елмас по последниот свиреж веднаш му пријде на својот поранешен тренер и го испочитува со топла прегратка. Лајпциг се соочи со елиминација и одигра 1:1 на реванш осминафиналето од ЛШ кое го одигра многу машки на гостувањето против 14 кратниот европски првак.
Елиф Елмас се подготвува за дебито во Лајпциг кое се очекува да го има веднаш по зимската пауза во Бундеслига, а тоа е против Ајнтрахт Франкфурт на 13 јануари. Од клупскиот канал му направија мини интервју со куси прашања.
„Ти благодариме за емоциите кои ни ги подари. Сега те чекаат нови предизвици и ние ќе бидеме секогаш тука за да навиваме за тебе“, стои во објавата на Наполи.
Трансферот на Елиф Елмас во Лајпциг кој треба да се реализира во јануари, го потврди и Фабрицио Романо, најголема манга меѓу инсајдерите со 19 милиони следбеници на Твитер. Под неговиот твит има 290 коментари. Првиот е со следново видео:
Елиф Елмас ја напушта Серија А и се сели во Бундеслигата. Се договорил со Лајпциг за рекорден трансфер од 25 милиони евра, до сега невидени за македонски играч во ниту еден спорт.
Не можеше да посака поубав гол Елиф Елмас како прв за оваа сезона. Тргна сам со топка од средина на теренот, си поигра со својот чувар и лесно во свој стил го реши и него и голманот за конечни 0:2 за Наполи против Салернитана. Македонскиот репрезентативец влезе во 67-ма минута, а убавиот погодок го постигна во 82-ра минута.
Фудбалската класика меѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед во првото коло од ЛШ заврши со голеада која им припадна на Германците со 4:3. Арсенал беше најубедлив, а Италијанците се спасуваа на крај. Интер до реми, а Наполи до победа. Елиф Елмас доби шанса во 66-та минута.
Довчерашниот стратег на Наполи, Лучано Спалети, вечерва ќе дебитира како селектор на Италија против Македонија на Градски. Го прашавме колку пати го гледал мечот од Палермо, а тој ни одговори дека ако сакаме може и да ни го раскаже. За Елмас како и секогаш зборува во суперлативи.