Конте: На Св.Елмас треба да му изградиме статуа

Силни зборови на Антонио Конте за Елиф Елмас после победата на Наполи против Торино од 2:1, меч на кој нашиот репрезентативец го одигра 18-от меч по ред како стартер и на кој го постигна деби голот сезонава.

„Да не го заборавиме Св.Елмас, затоа што сезонава треба да му изградиме статуа. Се работи за момче кое разбира фудбал. Корисен играч кој игра и во среден ред и како треквартиста. Навистина изненадува. Ако не се лажам веќе 18 меча по ред ги игра како стартер. Имаме среќа што го најдовме“.

Атрактивен гол со волеј на Елмас за Наполи

9 март 2026 - 13:51