Атрактивен гол со волеј на Елмас за Наполи

Конечно Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец веќе подолго време игра стандардно за Наполи кај тренерот Конте, а синоќа на дуелот против Торино конечно го скрши мразот и даде гол, прв сезонава по враќањето во Наполи. Во 25. коло од Серија А Елмас постигна погодок во 68' минута за 2-0. До крајот гостите го намалија резултатот на 2-1.

 

Наполи претходно во водство го донесе 23-годишниот Бразилец Алисон Сантос:

 

7 март 2026 - 08:13