Наполи до бод во Милано, убава асистенција на Елмас до Мектоминеј
Интер и Наполи одиграа 2:2 во 19. коло од Серија А, со што разликата меѓу нив останува 4 бода. Скот Мектоминеј на два пати го израмни резултатот. Првиот пат после убава акција и асистенција на Елиф Елмас, прва негова сезонава. Македонскиот репрезентативец од 3 декември игра 10 меча по ред како стартер на сите натпреварувања.