Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Државниот завод за ревизија утврдила дека имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во ИТ системот на Агенцијата за вработување е со слабости кои го загрозуваат целокупното ниво на ефективна заштита на информациите и ИТ ресурсите.
  • Од вкупно седум систематизирани позиции во централниот Сектор за информатика, пополнети се само две.
  • Во последните три години не биле реализирани обуки за ИТ кадарот
  • Во периодот 2020–2025 година, Агенцијата имала набавки поврзани со ИТ инфраструктурата, безбедносните системи и комуникациските услуги во вредност од 2,78 милиони евра. Во тој период, 293 дена не биле покриени со договор за одржување. 
извор

И банки во САД погодени од технички дефект

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници Американци вчера останале без пристап до своите банкарски сметки откако технички проблем во „JPMorgan Chase“ предизвика верижна реакција низ целиот платежен систем.
  • Меѓу погодените банки биле „Банк оф Америка“, „Велс Фарго“ и „Капитал Уан“. Претставници на „JPMorgan Chase“ изјавија дека проблемот не е последица на кибернетски напад, туку е од „техничка природа“.
  • Ова беше трет работен ден во низа во кој откажаа системите во клучните сектори во САД.
  • Во четвртокот имаше голем глобален прекин со апликациите на Microsoft што ги користат јавните институции, компаниите и граѓаните. Microsoft објави дека причината за инцидентот бил стар дефект, кој го преоптоварил капацитетот на серверите.
  • Во петокот во период од неколку часа беа откажани илјадници авионски летови поради проблеми со националниот систем на контролата за летање. Системот паднал поради преоптоварување при операција за обновување на старата технологија.
извор

Форензичар тврди: Епстин бил убиен

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џефри Епстин не се самоубил во затворската ќелија во Њујорк, туку веројатно бил убиен, тврди форензичкиот експерт Мајкл Фримен по едногодишна анализа на фотографии и документи од обдукцијата.
  • Фримен вели дека цела година темелно го проучувал досието од обдукцијата и се обидувал да ги објави своите наоди во научно списание, но сите го одбиле. Вчера ги претставил своите заклучоци пред правната организација Middle Temple во Лондон.
  • Трагата на вратот на Епстин не била мазна и рамномерна линија која се издига кон една точка, како во типичен случај на бесење. Била длабока, неправилна, и се разгранувала на едната страна, тврди форензичарот кој проучува пристрасност и грешки при истраги за смртни случаи. Укажува дека трагите на вратот, гребаници и крварење од мускулот на рамото на Епстин повеќе прилегаат на давење од зад грб.
  • Фриман изјави дека нема претстава кој би можел да го убие Епстин, ниту пак го интересира тоа. Се фокусирал исклучиво на пропустите во истрагата за смртта и во извештајот од обдукцијата. 
  • Канцеларијата на судскиот лекар во Њујорк, која ја изврши обдукцијата, оваа недела соопшти дека „останува при својот заклучок“ дека Епстин извршил самоубиство.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Беља во најава

Македонштина
3

Заслужен одговор

Балканштина
4

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
5

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
6

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
7

Цена на злото

Балканштина
8

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
3

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
4

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

5

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
6

Кривична пријава и мерки за претпазливост за охриѓанецот кој ја претепа девојката

7

Се предал битолскиот насилник кој избега од станица

8

САД и Русија се против ограничувања за автономно оружје

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јер Болдрици колку сакаш

Скопска ситуација: угоре високо - удолу длабоко

Еколицемерие: Екологија за вас, дизел за нас

Името не се менува туку факинг така

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy