Флешбек:

Кога Боуви реши да му попушти на мајорот Том

Дејвид Боуви знаеше што значи Spаce Oddity за неговата кариера ама веројатно баш заради општоста и консензуалноста околу таа песна, одбиваше да ја свири. Како што е Creep за Рејдиохед, како што Рамбо ја нејќе Заставник Џемо, како што би му било на Џони ако му ја побараат Лепе жене, како што е Ајс, ајс, бејбе за Ванила Ајс, ама па, пустиот нема друга. Елем, муабетот ни беше дека Боуви не ја свиреше Spаce Oddity. Отстапка направи на својот 50-ти роденден.

Само уште една згодна белешка на оваа тема:

Дури и кога решавал да им се посвети на своите хитови (а не на музиката од последниот албум), Боуви на концeрти не го свирел својот најголем хит од 1969 година. Така и на неговата e Reality Tour, во 2003/2004 година, во која на 112 настапи ниедаш не ја отсвирел Space Odity.

А на истата турнеја често знаел на публиката да ѝ каже:

Мислам дека сите ја знаете оваа песна....

... и да ги отсвири првите тонови од Space Oddity на што публиката инстантно полудувала, за веднаш потоа да ги олади и да им каже:

Ама, вечерва не ја свириме таа песна.

Ок, одиме со прекрасниот исклучок од ова правило. 1997 година, Медисон Сквер Гарден, Боуви полни 50 години:

 

2 ноември 2016 - 14:48