Катна гаража:

Скопска а светска

После толку многу изградени нови згради и објекти во последниве години, засега само една влезе во конкуренција за интернационална награда. И ако ја подбутнеме со гласање, може уште поголем чалам да правиме.

Се работи за новата катна гаража кај Стара Железничка, карши дирекцијата на Макпетрол. Зад неа стои еден наш дечко кој живее и работи во Виена.

Милан Мијалковиќ и неговиот тим успеаа да го задоволат владеачкиот вкус потпрен на историцизам (преферирани стилови во тендерот биле: барок, класицизам, не-класицизам, романтизам и нео-романтизам!?)  а истовремено да создадат и современ и шик објект.

Целата, помалку трилер приказна за фасадата ја имате на неговиот сајт.

Откако прошета по најпопуларните архитектонски магазини во светов, (Аrch Daily, Аrchitectur Јournal, Designboom.. ), таа влезе и во најтесниот избор за наградата Architizer A+ во категорија за транспортни структури.

Изгледите да победи се доста добри и секој може придонесе со свој глас. Пред да започне вашето стампедо од гласање, моменталната ситуација изгледа вака:

А можете да гласате ТУКА.

За една убава, ретко убава приказна од најновото Скопје.

 

17 март 2014 - 14:08