Во 30-тите години на минатиот век, доктор Невил Хопкинс дошол до идеја на корисниците на тогаш доминантниот медиум - радиото - да им даде можност да кажат што мислат за програмата што ја слушаат.
Така е родена "радиовота", кутија која се приклучува на радиото и овозможува слушателот да даде повратна информација дали она што го слуша му се допаѓа или не.
Имала три копчиња (присутен, да и не) за слушателите да гласаат, главно за песните што ги слушаат. Но, очекувањата од оваа гласачка кутија биле и поамбициозни па вo една тогашна рецензија се замислувал денот кога американскиот претседател ќе ги праша радио слушателите за некоја важна јавна тема и ќе добие инстант мислење од јавноста.
Единствениот проблем бил што гласот на слушателот морал да патува цели 7 часови преку комплицирана мрежа за да биде регистриран во мониторинг системот.
Така човештвото решило малку да почека и идејата да ја реализира речиси еден век подоцна.