„Пеењето на химната е задолжително и тоа мора да се прави со страст“, стои во законот што мина еден дом во филипинскиот парламент, а со себе носи и казни за непочитување.
Тие што нема да се придржуваат до законските упатства ќе се соочат со парични казни од 2.800 до 5.500 долари, а им се заканува и јавно резилење со објавување на нивните имиња во националните весници.
Законот содржи голем број одредби што го прецизираат секој детаљ околу односот кон химната: дека уште на правиот тон треба сите да станат и да ја поздрават со (страсно) пеење, дека националната химна мора да се изведува со ритам од 100 до 120 БПМ (beats per minute), дека образовните институции се задолжени секој нивен ученик напамет да го знае текстот и слично.
„Националната химна ги обединува и ги изразува аспирациите, соништата, идеалите, посветеноста, решеноста, национализмот и патриотизмот, емоциите и духот на луѓето“, вели еден од авторите на законот, кој верува дека секое непочитување или подбивање со државна химна мора да биде казнето.
А да сме држава, овој наш расходуван биљбиљ би требало да го репне барем некоја аудиополиција. Чујте го тој бесрамен фалш:
Види и:
Малку е селачки да не можеш да навикнеш на химна