
Повеќе од 300.000 луѓе во Англија ќе го поминат Божиќ во некоја форма на бездомништво, вели една тамошна добротворна организација за домување.
Проценетата бројка е за 14% поголема во однос на минатата година, при што повеќето од погодените се во некакво привремено сместување. Добротворната организација соопшто дека недостатокот на социјални станови и недостапните приватни кирии се дел од причините за порастот иако Владата вели дека троши 2 милијарди фунти за справување со бездомниците.
Ова се податоци собрани од локалните власти и надлежните служби иако вистинскиот број е и поголем поради нерегистрираните бездозмници.
Владините бројки покажуваат дека 105.750 домаќинства биле во привремено сместување на крајот на јуни, што е нов рекорд од почетокот на евиденцијата пред 25 години и е зголемување од 10,5% во споредба со крајот на јуни 2022 година.
Од нив 138.930 се дечиња.