Друже Трендо,
Пошто твитер ми дава простор колку да кажам дека “утрово сонцето изгрева во 6 часот...“, Офнет останува единствено место кај што би можел да си го споделам и исцедам од мене ова црнило од душата.
Прости ми, ама Столе ме погоди у живец...
*********
Столе Стоилов - царот: “Срам да ни е на сите... За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА!!!“...
Да Столе, срам да ни е на сите! Од прв до последен “граѓанин на Република Северна Македонија“.
Срам ми е мене Столе, што мислев дека со јадење гомна на Tвитер ќе сменам барем малце, а дека оние што се во позиција и имаат ресурси да сменат нешто реално, ќе си ја завршат работата.
Срам да ни е на сите Mакедонци, што “спиевме на тоа уво“, дека друг ќе смени нешто, дека Путин ќе упали нуклеарки, дека Трамп ќе го ишамара Бејли, дека Грците нема да го ратификуваат договорот (Боже, за ова не ни простувај!)... Зарем има поголема брука, да те соголи до гол г'з и таков да те покаже на цел свет, едно друштво од шарлатани и шибицари?
Еј, срам да ви е вас граѓани на РСМ/албанци Македониш/дел од албанското население кое живее во РСМ/знаете ли кај терате? Засрамете се, затоа што сте свесни како не пониживте нас, вашите комшии, колеги, пријатели. Затоа што дозволивте една криминална банда да ги закопа сите надежи за здрав соживот и почит во оваа земја, која ве хранела и вас и вашите предци и вашите деца. Затоа што заривте уште еден нож во грбот на луѓето кои секогаш ве повикувале на заедничка борба, на заедничко градење и славење. Ни се помочавте у фаца на нас, луѓето кои ве рачунаме како “наши“, со кои изградивте и школи и библиотеки и театри и ансамбли и џамии. Пропаднете у земја од срам, кога на следниот Бајрам ќе ми дојдете со баклава, “јер се поштуеме, брат“.
Срам да ви е Rоми, што оставивте Амди да си го избрише г'зот со единствениот устав во свет кој ве признава како конститутивен народ. Свесни ли сте дека ја пониживте единствената земја и народ во Европа, кој ви овозможи да имате своја, ромска општина, кој од секогаш се грижел за вашите права и култура?
Срам да ви е Tурци, зошто кокетирате со Aлбанците, на сметка на народот кој ве смета за, веројатно, единствена пријателска нација на балканот. Знам, дека оние денешни Tурци кои се дел од населението протерано од Македонија пред стотина години и уште си се нарекуваат Mакедонци, денес се срамат од вас.
Срам да ви е Власи, ради бодежот кој го поттурнавте во македонското ткиво, од кое сте дел и вие од памтивек. Затоа што го испоганивте сеќавањето на најсветото востание и симбол на непокор на нашите два народа.
Срам да ви е Босанци, што им свртевте грб на земјата и народот кој пред 20-тина години ги отвори своите врати и срца за вашата несреќа.
Срам да ви е Срби, затоа што не се помага "братски народ" само со тапшање по рамо.
Пропаднете бре во сопствената сенка и не пуштајте глас, "шарени прогресивци", јер неискажливо е дното кое го удривте и неописива е повраќаницата која ја избришаа со вас...
Срам да ви е "милениумци", пошто дозволивте да ја искористат вашата куробоља. Го жалам денот, кога ќе сфатите дека "сила" и "чест" не се само скилсови од некој ебан арпиџи!
Срам да ви е пензионери, што себично и преплашено ја украдовте иднината на вашите наследници, во замена за комфорот на пензиичката, турските серии и ЈСП сеансите.
Срам да ви е диајспоро македонска, бидејќи, факат, со прст не мрднавте сиве години.
Денес, сите сме мукла. Стоиме, простум, со наведнати глави пред тазе силуваното, растргано тело на Македонија. Кој од нас ќе смогне сили да и погледне “во очи на мајката“, чие тело и битие, за грст бедни ветувања и ситен профит, го препуштивме на вољата и рацете на безочните, лакоми странци и злонамерници.
Нема збор што веќе не се кажа, немам помрсна пцовка да исплукам, нема потешка клетва да ја процедам низ заби. Останува ова чувство на траорен срам и бес, но и најмакедонското можно размислување: ќе го издржиме и ова, ќе им го дочекаме и на овие крајот, бидејќи од очајот доаѓа промената и со распнувањето доаѓа спасението.
Ебете се сите и да ни е вечна Македонија!
Горјан / Максимус