Мој најскапоцен Господару,
Откако доволно ги разгледав и проучив достигнувањата на сите оние кои се сметаат себеси за мајстори и производители на инструменти за водење војна, и забележувајќи дека пронаоѓањето и употребата на овие инструменти на ниту еден начин не се разликува од нивната секојдневна употреба, ќе се обидам, без да дискредитирам никого, да Ви се претставам, јас и моите тајни, ставајќи Ви ги на целосно располагање, а кога ќе созреат условите и ставајќи ги во употреба сите овие нешта кои се накратко наведени подолу:
1. Планирам да направам лесни, силни и лесно преносливи мостови преку кои може да се гони, или во некои случаи да се бега од непријателот, и други кои се отпорни на оган, лесни и соодветни за кревање и позиционирање. Исто така правам и средства за горење и уништување на мостовите на противникот.
2. Знам како, во текот на опсада на некој терен, да ја отстранам водата од рововите, и како да направам бесконечен број мостови, скелиња и скали, како и други инструменти неопходни за ваков потфат.
3. Исто така, ако опсадувајќи некој терен, некој не може да бомбардира, или заради височината на објектот или на тежината на неговата ситуација и локација, имам методи за уништување на секое кале или утврдување, освен ако не е поставен на карпа.
4. Имам и различни видови топови, најсоодветни и лесно преносливи, со кои можат да се фрлаат камења речиси како бура од град, а чадот од топот ќе предизвика голем страв кај непријателот.
5. Исто така, имам средства за пристигнување на одредена локација преку мини, и за конструирање тајни патишта, кои се прават целосно без врева, дури и ако е нужно да се мине под насипи или река.
6. Исто така, знам да правам покриени возила, безбедни и неуништливи, кои ќе пенетрираат кај непријателот и неговата артилерија, и нема таква вооружена армија која би можела да ги уништи. Зад нив може да следи пешадијата, целосно неповредена и незагрозена.
7. Исто така, ако е неопходно, можам да направам топ, катапулт и лесно оружје со убав и фунционален дизајн кои се прилично необични.
8. Онаму каде употребата на топ не е соодветна, можам да составам различни видови катапулти и други инструменти со прекрасна ефикасност кои не се во генерална употреба. На кратко, како што диктираат условите, јас ќе направам бесконечен број предмети за напад и одбрана.
9. Ако се наметне битка на море, имам примери на голем број инструменти кои се соодветни или за напад или за одбрана, и мајсторство кое ќе биде отпорно на оган и на сите најсилни ѓулиња, барут и чад.
10. За време на мир верувам дека можам да задоволам во кое и да е поле на архитектурата, градење и на јавни и на приватни згради и пренос на вода од едно место на друго.
Исто така, можам да изработувам скулптури во мермер, бронза и глина. И во сликарството, можам да направам се' што е можно, исто толку добро како и кој било друг, кој и да е тој.
Ако што и да е од гореспоменатото му изгледа невозможно или непрактично на некого, подготвен сум да Ви ги демонстрирам во Вашиот парк, или на кое и да е друго место кое ќе го одбере Вашето Височество, на кого му се поклонувам со најголема понизност.
Леонардо Да Винчи
ЕПИЛОГ:
После вакво писмо, нормално, Сфорца го вработува Леонардо. Десет години подоцна му ја дава и тезгата со „Тајната вечера".