Одамна сакам да ви напишам писмо и сега мислам дека е вистинскиот момент.
Во еден од минатите броеви на „Радио ТВ ревија“ прочитав „жалба“ на еден читател кој упорно тврди дека плочата на Здраво Чолиќ е неисправна.
Тоа не е точно и нека овие неколку зборови им помогнат на оние кои живеат во заблуда. Јас неодамна ја купив таа плоча. Иглата стварно ми „прескокнуваше“ па отидов до продавницата на Југотон.
Меѓутоа таму плочата работеше одлично и тогаш ми кажаа на носачот на иглата да ставам некој мал товар.
Јас тоа го сторив со метално париче и сè беше како што треба.
Тоа значи дека плочите се исправни ама не чинат грамофоните, поточно носителите на иглата.
Весна Миловановиќ, ученичка, Белград, 1979 година.