ЛА Космодиск:

Изгледа блесаво, ама делува

Лос Анџелес ја преживува најлошата суша досега и секоја капка вода им е важна. Решението од кое очекуваат да заштедат огромни количини употреблива вода, колку изгледа глупо, толку е генијално.

Во отворениот резервоар за вода во Лос Анџелес биле пуштени 96 милиони топчиња.

Какви топчиња?

Црни, пластични.

Што праават тие црни, пластични топчиња за водата?

Не прават ништо посебно. Ја покриваат површината на резервоaрот бидејќи ги има многу. Ама на тој начин истовремено го намалуваат испарувањето на водата со што ќе се заштедат над милијарда литри вода. Во пари, преку 250 милиони долари. Освен испарувањето, тие го спречуваат и продорот на сончеви зраци поради што ќе се забават био-хемиските процеси кои доведуваат до раст на алги и слични непотребности.

Последната транша од 20.000 топчиња свечено ја истовари градоначалникот а видеото од нивното "пуштање во употреба" е посебно месмерајзинг:

 

13 август 2015 - 22:03