Ова е Шаварш Карапетјан.
Ерменски пливач од времето на СССР. До 1976-та година постигнал 11 светски рекорди, освоил 17 светски и 13 европски шампионски титули.
Неприкосновен шампион, на врв на својата кариера.
Ништо не можело да му се случи. Сè додека еден ден, на 16-ти септември 1976-та година, за време на неговиот редовен џогинг, во непосредна близина не се случила сообраќајна несреќа, кога автобус преполн со патници, излетал од браната и влетал во 10 метри длабоката и нечиста акумулација кај Ереван.
Имало 92 патника, повеќето од нив онесвестени од ударот. Автобусот веднаш потонал на дното.
Карапетјан не се двоумел ни миг.
Рипнал во црната вода, стигнал до автобусот, со нога скршил прозорец и почнал да извлекува луѓе. 30 пати загњурил, извлекол 30-тина луѓе од кои 20 успеале да преживеат.
Минал 20 минути во ладната и загадена вода пред да колабира. Поради бројните повреди од стакло, исцрпеноста и загадената вода паѓа во кома. Има и пневмонија и сепса. За чудо, после 46 дена се буди од кома но последиците се такви што никогаш нема да ја продолжи кариерата.
И тоа не е сè.
Осумнаесет години подоцна, минува покрај зграда која ја зафаќа пламен. Повторно не се двоуми, упаѓа во зградата и почнува да спасува луѓе. И повторно повеќемесечен престој во болница, повреди, изгореници.
Од 1993-та година живее скромен и мирен живот.
Има кондураџиски дуќан.
Дуќанот се вика "Втор здив".