Ако на пример се запишете на математика, еден ден ќе влезете на час и ќе професорот ќе рече: "Дефинирајте го косинусот на квадрант од бинарната оска на ромбоид и екстраполирајте го вашиот резултат на пет важни агли." Ако не дојдете до точниот одговор што професорот го има во глава, ќе паднете. Истото важи и за хемија; ако напишете во вашиот есеј дека јаглеродот и водородот кога ќе се искомбинираат создаваат даб, твојот професор ќе те бутне. Тој сака вие да го добиете истото решение за кое тој и сите останати хемичари се сложиле дека е точно. Научниците се однесуваат посебно "дигнато" околу овие прашања.
Заради тоа треба да се запишете на предмети како јазик, филозофија, психологија и социологија, предмети во кои никој навистина не разбира што зборува другиот и во кои реално не постојат вистински факти. Посетував предавања по сите овие предмети и имам неколку совети што можам да ви ги дадам:
ЈАЗИК: Ова вклучува пишување писмени за долги книги од кои си прочитал само мали извадоци токму пред почетокот на часот. Еден совет ако сакате да добиете добра оценка на писмените по маjчин јазик: Никогаш не кажувај нешто за книгата што би го кажал нормален човек. На пример, го читаш Моби Дик. Секој со здрав разум ќе каже дека Моби Дик е голем бел кит, бидејќи ликовите во книгата само 11.000 пати го опишуваат како голем бел кит. Наместо тоа, во твојата писмена, ќе речеш дека Моби Дик всушност е Република Ирска! Твојот професор, на кого му е преку глава од читање едни те исти писмени а и онака веќе му е опреку нос Моби Дик, ќе помисли дека си генијално креативен. Ако успееш редовно да наоѓаш луди интерпретации за обични приказни, би требало да дипломираш јазик.
ФИЛОЗОФИЈА: Во основа за ова треба да седиш во една просторија и да сфатиш дека не постои такво нешто како реалност. И после да отидеш на ручек. Би требало да дипломираш филозофија ако планираш да земаш мнооогу дроги.
ПСИХОЛОГИЈА: Ова вклучува многу зборување за глувци и соништа. Психолозите се опседнати со глувци и сонови. Еднаш минав цел семестар тренирајќи глушец да стиска мали копчиња во одредена секвенца а потоа го тренирав мојот цимер да го прави истото. Глушецот научи многу побргу. Мојот цимер сега е доктор. Ако сакате глувци и соништа и пред сè сонувате за глувци, треба да одите на психологија.
СОЦИОЛОГИЈА: Заради чистото постоење на тотална неразбирливост, социологијата е далеку пред сите, број еден предмет за студирање. Седев на стотици часови предавања по социологија и прочитав купишта материјали по социологија и ниту еднаш не чув или прочитав една поврзана и разбирлива изјава. Ова е затоа што социолозите сакаат да бидат сметани за научници, па најголем дел од своето време го минуваат на преведување на едноставни и очигледни појави во стручен научен жаргон. Ако планираш да дипломираш социологија, ќе треба да научиш да го правиш истото. На пример си дошол до заклучок дека децата плачат кога ќе паднат. Тогаш, треба да напишеш: „Методолошката опсервација на социометричките тенденции на однесување на премногу младите, ги изолира индикациите дека постои случаен однос меѓу земјеното привлекување и испуштањето солзи, или плачењето како форма на однесување„. Ако можете ова да го издржите 50 или 60 страни, ќе добиете и некој грант.
Дејв Бери