Најтопло препорачуваме да го гледате и да го уживате овој махерски снимен и скоцкан видео портртет на фасцинантното балканско тромеѓе. Уште повеќе жал ќе ве фати што Преспа ја запечатија како нашето Ватерло и што уште долги години, кога таа ќе се спомне, наместо овие сцени, нам ќе ни се јавуваат ликовите на оние двајца капитуланти, како окезени на Грција ѝ го даваат во сопственост брендот Македонија, да си го имаат чист, без потреба од никакви географски одредници.