Working Class Hero - John Lennon
Песна за децата од работничките населби, кои откако пораснале станале средна класа. Спорен стих во оригиналот бил "But you're still fucking peasants as far as I can see" (Но сè уште сте е*ени сељаци колку што гледам). Препеана од Грин Деј, Синди Лопер, Мерлин Менсон и др.
Money for Nothing - Dire Straits
Канадскиот совет за радиодифузија ја прогласил оваа легендарна песна за 'несоодветна', а истата е опишана и како дискриминирачка, хомофобична, сексистичка и расистичка. Всушност таа зборува за еден обичен работник во продавница за бела техника, како гледа музички спотови на телевизорите, и се чуди.
Welcome to the Working Week - Elvis Costello
Елвис Костело не сака да работи во канцеларија, па решил да стане рок ѕвезда. Паметно. Зошто не можеме сите ова да го направиме? А, да, некој треба и да работи.
She Works Hard For the Money - Donna Summer
Едно од најчестите прашања поврзани со 1. мај е ситуацијата на жените на работното место. Песната зборува токму за тоа, за тешкиот живот на работничките и разликите помеѓу нивните примања и оние на мажите. Видеото беше првиот спот на некоја афро-американска пеачка прикажан во најгледаниот термин на МТВ (се мисли на музичката телевизија).
Factory - Bruce Springsteen
Со оглед на неговото работничко педигре, некако е чудно колку мал број песни на Шефот всушност се занимаваат со работничкиот труд, пот и мака. Оваа е единствената која навистина ја опишува монотонијата на фабричката работа, без да стане самата монотона.
It's Not My Place (In The 9 To 5 World) - The Ramones
Луѓето искрено си кажуваат дека не им лежи канцелариска работа, а ако сте ги слушале нивните интервјуа ќе се согласите дека се сосема во право. Тие не се баш она што во бизнис светот се нарекува „executive material", освен можеби Ричи Рамон кој во документарецот End of The Century посветен на оваа група се појавува - со кравата!
Let's Work - Mick Jagger
Поголемиот дел од поп музиката ги охрабрува луѓето да се забавуваат и да се однесуваат неодговорно. Но не и Мик. Тој сака да стане рано, да изеде разумен појадок, на убав, чист, чаршаф, да оди на работа на време, и да се утепа од работење. И во право е - ајде малку поживо со тоа скарата...
Money - Pink Floyd
Песна која зборува за тоа колку е тешко да се заработат, а колку е лесно да се потрошат големи, а и мали пари. Иронично е што сингл кој е против непотребното трошење и богатството на бендот му донел комерцијален успех.
Бонус: домашен осврт кон темата, заради стиховите: „Моли Бога, Лено и Господа, Ставре да си оди Америка, аман, да работи Ставре во фабрика.“