Таг: песни

Песните на Криденс се враќаат кај татко им

После половина век натегање по судови, Џон Фогерти од Криденс Клирвотер Ривајвл конечно повторно е во посед на своите песни од тоа време. Така е кога како тинејџер потпишуваш долгорочни договори со намазани менаџери.

Фасцинацијата на хеви-металот со римските императори

Kaлигула, Нерон, други битни фаци од древната римска историја, се спомнуваат во поединечни песни и во цели концептуални албуми посветени на нив од жанрот хеви метал. Од каде оваа поврзаност?

21 љубовна песна по избор на „обични“ луѓе

Ја знаете онаа наша рубрика каде ди-џеи бираат песни на неделата, а во која до сега гостувале, како што обично се вели, „видни личности од јавниот (не толку од политичкиот) живот“. Но што ако им дадеме шанса да бираат музика на луѓе од кои никогаш јавно не било побарано такво нешто? И што ако тоа го направиме баш воочи Денот на заљубените?

100-те најдобри песни на 2017

Ако сакате да проверите до каде сте со годините и колку имате изгубено осет што денес се смета добра нова музика, фатете разгледајте ја листата на 100 најдобри песни на 2017 според Нојзи, а да се разбереме, Нојзи знаат што е добра музика.

Џегер има две нови политички ангажирани песни

Дедо Мик Џегер има свое мислење за брегзит, и си го кажува со две нови песни, објавени во четвртокот. И не само за брегзит, туку и за лажните вести, имиграцијата и генералната несигурност. 

Неколку песни што погрешно ги имаш сфатено

Изборот е од Сиенен на поп-рок, па и не е така страшно што само чекаш да дојде рефренот за да го рокаш. Страшно е кога имаш свадба со Розо моја од Ибуш (Ние двајца многу можевме / А среќа немавме да се земеме), Туѓа си бескрајно на Ефто (Оној што силно љуби мора да губи /
Туѓа си бескрајно), Ерген одев од сите (Се оженив мајко, злото ме нападна).

Дали Imagine на Ленон е најлошата песна на сите времиња?

Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.

Новиот живот на партизанските песни

Во кризни времиња, пригушените, потиснати и заборавени мелодии повторно се враќаат, за да нè предупредат во врска со нивната идеолошка и сетилна моќ. Но колку тие гласови навистина се слушаат, и дали ушите на оние на кои им се упатени се подготвени за нивниот звук?

Песни за Валентајн за мажени и женети

Ви кажуваме еден ден порано, година порано, десет години порано. Да не речете после не сте знаеле.

Кратки песни составени од наслови на денешни вести

После 10-те песни составени од наслови на офф.нет, решивме да го прошириме полето за поетска инспирација. Еве неколку составени од наслови на денешни вести кои ги најдовме на агрегаторот Daily.mk. Заеднички на сите би можел да им биде - „Животиште“.

Прво нецензурирано издание на песните на Д. Х. Лоренс

„Љубовникот на лејди Четерли" не е единственото дело на овој автор кое доживеало цензура долга повеќе од три децении. На 30 април ќе излезе збирка од 31 до сега необјавени песни, и тоа во ново двотомно, критичко издание, под наслов „Сите ние".

50 новооткриени песни на Киплинг

Проучувачите и љубителите на Киплинг, најпознат по „Книга за џунглата" и песната „Ако", се израдуваа кога слушнаа дека се откриени 50 негови претходно необјавени песни. Една меѓу нив како да е пишувана денес, и тука.

10 песни составени од наслови на офф.нет

Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.

Чичко пушти летки!

Денес (26.06) врз Лондон од хелихоптер ќе бидат фрлени 100,000 песни. 

Огреала месечина

Во очекување на вечерашната „супермесечина" - поклопувањето на полната месечина со најмалото растојание меѓу неа и Земјата во текот на годината, одбравме неколку песни кои можете да си ги слушате дур ве осветлува. 

Девет трудови песни

Работата го создала човекот, ама и човекот не ѝ останал должен, па направил песни за неа. Зошто баш 9 песни, а не некоја заокружена бројка? Затоа што работата никогаш не завршува: турбините вртат, пресите штракаат, тастатурите горат. Или последново не се рачуна баш ко работа?

Вашите три последни песни

Кои би биле трите песни кои би сакале да ги чуете за последно, ако ви кажат дека набргу ќе го загубите слухот?