Ферид Мухиќ

Oдгризоци

ПOФАЛБА НА ЛАЈБНИЦ

Погоди, нема што!
Што е, е.
Најумната монада нема веќе страст,
во страствената и гладна нема ни трага
од ум!

На умните не им е до ништо,
на безумните сè им е - малку
Си ја сфатил, точно,
тајната на нашиот праг.
Умот ни навира,
ни истекува снагата.

НА ЗАДОЦНЕТИТЕ

Да сме барем први
кои тоа го слушаме,
кога веќе не можеме да бидеме први
кои тоа го кажуваат.
Вака
сè потенки одрезоци
на едно те исто,
помии, одгризоци...

Ферид Мухиќ

(од збирката Falco Peregrinus, 1988, превод од бошњачки И.Ј.)

25 март 2015 - 18:22