21 љубовна песна по избор на „обични“ луѓе

Ја знаете онаа наша рубрика каде ди-џеи бираат песни на неделата, а во која до сега гостувале, како што обично се вели, „видни личности од јавниот (не толку од политичкиот) живот“. Но што ако им дадеме шанса да бираат музика на луѓе од кои никогаш јавно не било побарано такво нешто? И што ако тоа го направиме баш воочи Денот на заљубените?

Водени од љубопитност, опремени, во најдобрата традиција на теренските етнолошки истражувања, со чадор, пенкало, тефтер и многу добра волја, решивме за момент да ја баталиме тастатурата и да се свртиме околу нас.

А околу нас, види чудо - луѓе! Такви со кои секојдневно доаѓаме во контакт а не дошло ред да врземе муабет, кои од зад некој шалтер ни го наплаќаат весникот а никогаш не сме ги загледале, кои нè возат, ни шијат, нè лечат или ни ги учат децата, но никогаш не сме помислиле каков живот водат, што сакаат, кого љубат. И која нивна песна би ни го раскажала сето тоа.

Ги прашавме, и дознавме. Иако со оние со кои прв пат се сретнавме не беше баш лесно. Луѓето не се навикнати некој да ги прашува за убави работи. Зазираат, гледаат попреку, се обидуваат да сфатат „што е финтата“. Нам па ни е чудно нивното чудење. Повозрасните полесно разбираат што им зборувате ако им го претставите тоа како исполнување музичка желба, иако мислат дека е за радио. Жените се поотворени, малку се думаат загледани некаде во далечината, а потоа без колебање си ја кажуваат својата песна. Помладите веднаш ја бараат на мобилен, а некои патем ви покажуваат и клипчиња од нивното едногодишно дете како цупка на техно.

Се потегнува дискусија дали патриотска песна е љубовна, дали требало „наша или српска“, може ли да сврти кај децата зашто они знаат, и „дека сега нема љубов, секој си гледа своја работа“. Една жена запеа стоејќи под пазарската стреа, додека колега од соседната тезга м’мкаше во придружба. Имаше и такви кои викаа „е, запиши ја оваа“, а потоа свиркаа некоја неразбирлива мелодија. Сите тие ни направија денот, таков дождлив и никаков, да ни биде поубав. Ова е нивната плејлиста, песни за обична љубов, на обични луѓе.

Фала им и ним, и на оние кои посредуваа за листата да биде пошарена и пољубовна.

Зоран, таксист на околу 50
Saban Saulic - Dodji da ostarimo zajedno

***

Марија, келнерка на околу 20
Sparks - Perfume

***

Фани, адвокатка
ЕКВ - Ти си сав мој бол



***

Ристо, газда на дуќан за алкохол
Charles & Eddie - Would I Lie To You



***

Тодор, полицаец во пензија
Toma Zdravkovic - Svirajte nocas samo za nju



***

Лемана, ветеринарка
Queen - Somebody To Love



***

Билјана, продавачка во трафика
Сашка Петковска - Бакни ме



***

Росана и Меланија, студентки и сестри
Whitesnake - Is This Love?



***

Тони, бурек мајстор
Добри Ставревски - Си заљубив едно моме



***

Светле, хигиеничарка
Whitney Houston - I Will Always Love You



***

Горица, пазар Буњаковец (мед, јајца и ракија)
Магазин - Љубе се добри, лоши,зли



***

Анастасија, стоматолог
Robbie Williams - Feel



***

Aна, психолог во средно
The Rolling Stones - Sympathy For The Devil (Live)



***

Сергеј, професор по ликовно
She - Charles Aznavour



***

Лила, сексуална работничка
Barbara Streisand & Barry Gibb - Woman In Love



***

Aрти, електро инжењер
Elton John - Tiny dancer



***

Јадранка и Бети, шивачки
Aleksandra Radovic - Kao so u moru

Oliver - Cesarica



***

Јованка, лаборант
Depeche Mode - Somebody



***

Мејрема, професорка по географија и тазе мајка

Nina Badrić i Hari Varešanović - Ne mogu ti reći šta je tuga



***
Марина, социјален работник

Тоше Проески - Љубена

13 февруари 2018 - 23:06