Песни за Валентајн за мажени и женети

Ви кажуваме еден ден порано, година порано, десет години порано. Да не речете после не сте знаеле.

Зима.

Се стемни пред скоро пет саата
ама децата се уште будни,
а јас сум само малку пијан.
Она што ти го викаш дерење,
јас го викам аргумент.

***

Нашата љубов е како катанец на Мостот на уметностите во Париз -
илјадници катанци, симболи на нескршлива љубов.
Нели е тоа убаво?
Ама излезе дека сите тие брави се претешки за мостот.
Го слушна ова?
Го прочитав негде.
Катанците се закануваат да го срушат мостот.
И сега знаеш што прават?
Ги вадат со цвикцангли и ги фрлаат.
Нели е тоа исто убаво?
Сеа луѓето веќе не се заклучени.
Слободни се да се гледаат со други луѓе.
Ми се виде интересно.

***

Кога ќе имаме деца
тие нема да гледаат телевизија.
Без екрани.
Ќе бидеме различни од другите родители
и ќе се гордееме што сме подобри.
Седум години подоцна,
недела наутро е,
6 сабајле.
Знаеш кој ни е другар?
Сунѓерот Боб, ете кој.
И, да, може да јадеш бонбони за појадок.

***

Речиси да почувствував приврзаност кон тебе
додека ме масираше по рамото кај лавабото -
какво мало, прекрасно изненадување.
А после ми ги фати цицките и испушти еден „уа-хаа" звук.
Одма почувствував грозење и тага и жалење.

**

Сонувам.
Ама е толку реално.
Некој маж - ти ли си?
Јок.
Тоа е Роб, маж ѝ на Кејси.
Оној со италијанскиот акцент.
На плажа сме и ме брка и се смееме.
Толку е исончан и во форма.
А тогаш..
Ужасен мирис,
како смрт.
Трепкам и се будам а твојот ужасен здив ми го жежи лицето.
Мамицата твоја.
Да т'ибам све.
Роб, врати се.

***

Во Франција, cinq à sept некогаш беше светиња,
еуфемизам за интимни средби,
за она што го прават мажите и жените.
Ама ние не сме во Франција.
Ние сме тука, во Монклер, Њу Џерси,
и одамна помина седум.
А јас ветив дека ќе бидам дома во шест.
И, да, смрдам на алкохол.
Со дечките испивме по една..ок, три пијачки после работа.
Го заборавев млекото.
И лебот и шпагетите и пелените.
И лекот за алергија.
Што си се облекла ма така?
Чек. Денес е Валентајн?

Автор: Џон Кени, Њујоркер

13 февруари 2016 - 10:10