Во пресрет на Св. Валентајн почнуваат старите муабети - де бил католички празник, де била завера на производителите на чоколади и плишани срца, де љубовта не се славела само еден ден. Но има нешто посуштинско во прославувањето на празников, дури и за католиците. Особено ако се работи за прославувањето на брачната љубов.