Навивачите на Манчестер Сити најмалку романтични

Дури 34% од фудбалските навивачи во Англија повеќе би сакале да добијат честитка од својот омилен клуб отколку од девојката за Валентајн.

Сајтот BeatTheBookie спроведе анкета помеѓу своите читатели пред Валентајн и главниот заклучок од анализата на резултатите е дека навивачите на клубовите од југот на Англија се многу поромантични од оние на северот.

Најмалку романтични се навивачите на Манчестер Сити, Ливерпул и Њукасл. Дури 57% од навивачите на Манчестер Сити повеќе би сакале да добијат честитка од својот омилен клуб, отколку од девојката. Навивачите на Ливерпул се втори со 51%, а трети се оние од Њукасл со 48%.

Само 39% од навивачите на Манчестер Јунајтед сакале картичка од својот клуб, а тоа е најверојатно последица на слабите резултати на клубот оваа сезона.

Најромантични се навивачите на Кристал Палас. Дури 81% од нив повеќе би сакале да добијат честитка за денот на заљубените од својата девојка, отколку од омилениот клуб.

Резултати:

Манчестер Сити 57%
Ливерпул 51%
Њукасл 48%
Евертон 42%
Сандерленд 41%
Стоук 40%
Манчестер Јунајтед 39%
Арсенал 35%
Хал 32%
Челси 31%
ВБА 31%
Саутемптон 29%
Свонси 29%
Вест Хем 29%
Астон Вила 28%
Тотенхем 27%
Норич 25%
Кардиф 22%
Фулам 22%
Кристал Палас 19%

14 февруари 2014 - 15:30