Миа Фароу да не ти честита Валентајн

Пред да започне канонадата обвинувања од нејзината ќерка со Вуди Ален, Миа Фароу му најавила: "Ти ми зема моја ќерка, јас ќе ти ja земам твојатa". Потоа му се заканувала дека ќе му ги ископа очите а за Свети Валентајн му ја испратила картичкава која ја гледате.

Не дека се чувствуваме повикани да судиме кој е прав во ужасно непријатната и жолчна кавга меѓу Миа и Дилан Фароу од една и нивниот некогашен сопруг и татко Вуди Ален. Не дека Вуди, колку и да му ги сакаме филмовите и книгите, не треба да гори во пеколот и нешто порано ако има вистина во обвинувањата на Дилан дека сексуално ја злоупотребувал кога имала само 7 години.

Но, од Миа Фароу малку ни е фуфка. Вуди Ален отсекогаш тврдел дека неговата ќерка не лаже туку верува во она што го зборува бидејќи цела таа приказна систематски и е имплантирана од нејзината мајка. Тоа го мисли и Мозес, братот на Дилан (двете деца се посвоени од Миа и Вуди). Дилан на тоа одговори: Брат ми е мртов за мене.

Според Вуди Ален, Миа сето ова му го најавила. Неколку недели пред Дилан првпат да ги обелодени обвинувањата за сексуална злоупотреба на сметка на нејзиниот татко, му се јавила Миа и му рекла:

"Имам нешто гадно испланирано за тебе. Ти ми ја зема ќерката (мисли на нејзината ќерка Сун Ји), јас ќе ти ја одземам твојата".

Подоцна и лично му ја предала морничавата картичка по што Вуди Ален за првпат помислил дека нејзините закани дека ќе го убие и ќе му ги ископа очите се реални. По него, таа комплетно влегла во мод на античка трагедија мислејќи дека копањето очи е праведна одмазда.

Уште два битни/небитни момента за Миа Фароу:
* Иако таа веднаш ни асоцира на жесток борец против силувањето, не сака да зборува за жртвите на нејзиниот роден брат кој е осуден на долгогодишна робија поради силување двајца малолетници.
* Миа Фароу сè уште е блиска пријателка на најпознатиот холивудски педофил Роман Полански.

Вие, како сакате. Еве го "Вуди Ален во 60 минути на CBS", 1992 година.

 

13 февруари 2014 - 13:13