Како е да се живее во ЕУ со 165 евра месечно?

Дојче Веле ги заинтригирува своите читатели со ова прашање а одговорот го бара од три бабички од Бугарија.

"Вежбаме за да сме здрави и да живееме долго. И уште поважно, за да заборавиме на парите" вели Марија Иванова (на фотографијата подолу) по 90 минутното истегнување и вежбање со други пензионери во Домот на културата во Асеновград.

Таа таму им е нешто како фитнес инструктор а пред некој ден наполнила 80 години. Пола од пензијата потрошила да почасти ќофтиња, торта, вино и ракија.

35 години работела во текстилна фабрика и за тоа добива државна пензија од 110 евра. Бидејќи има рак, добива и бонус од 35 евра па месецот го бутка со 145 евра. Според независните синдикати, минимум за нормален живот во Бугарија е двојно од тоа - околу 290 евра. 

Повеќето пензионери во Бугарија можат да сонуваат за таква пензија. Околу 60% се со помалку од 150 евра месечно а една четвртина од вкупниот број пензионери се на минималецот од 80 евра. Дури и со просекот од 165 евра, Бугарија е најлоша во Европа, во Романија просекот е 198 евра, во Полска 469 евра а во оплаканата заради кризата Грција - 663 евра.

- Како некој може да преживее со толку мали пари во Бугарија во која храната знае да биде и поскапа отколку во богатата Германија? - прашува новинарот на Дојче веле.


"Ние сме шампиони во апстиненција," објаснува Марија која, после вежбањето оди дома и прави ручек. Главно грав, леќа и компири, за месо и риба ретко се наоѓаат пари. Нема ни за млеко бидејќи пустото чини едно евро.

Но, Марија не сака да зборува за пари. Ѝ се зборува за нејзините медали од пензионерските натпревари

"Непобедлива сум на 100 метри на плажа," вели агилната 80 годишна Бугарка. Нејќе да биде како другите стари луѓе кои би стално да кукаат. Затоа одбира само позитивни другарки каква што е Станка.

"Таа е богата," вика Марија за неа.

За "богатата" Станка Атанасова и 70 годишната Нели Аргирова - тука.

********

Ваши приказни за наши бабички кои некогаш живеат и со помалку, чекаме на меил.

30 јуни 2016 - 18:45