Една од најопасните дебати што почнува да се отвора во Германија не е ни за Русија, ни за родови, ни за екологија, ни за нуклеарни централи, туку е за пензија, и како би сакале да се пензионирате на 70 години?
Крајстчрч дваесет години одвојувал плата за локален волшебник, заштитен знак на градот. Но неговите навредливи коментари за жените и за новата туристичка стратегија на градот довеле до тоа тој да добие отказ.
После мечот со Мемфис (109:113), на домашниот паркет во арената на Сан Антонио се одржа церемонија во чест на овековечување на бројот на Тони Паркер, легендата на Спарс и НБА.
Американските власти не можат да ја спречат исплатата на пензија на педофилот доктор освен ако Конгресот не го смени федералниот закон, без разлика што тој моментално отслужува затворска казна.
Откако ги спакувал куферите и заминал на пат околу светот, 70-годишниот Рој Хоџсон после 51 година се враќа дома, меѓу своите но пред најголемата задача во животот - да ги спаси од испаѓање како што спасуваше многу други.
Фудбалот останува без една од најголемите легенди во историјата. Големиот капитен Стивен Џерард денес ја затвори книгата од неговата фудбалска кариера.
По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.
По Коби Брајант, Тим Данкан и Амаре Стадемаер, годината 2016 ќе остане запаметена по крајот на кариерата на уште еден славен лик кој минатиов викенд стави точка а кој беше мост меѓу старата школа и футуристите.
Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.
Додека спиевте, Лео Меси најпрвин со право рече дека некои средби од ЕП 2016 се досадни, а потоа во финалето на Копа Америка промаши пенал и загуби од Чиле. Подоцна излезе пред новинарите и изјави дека завршил со репрезентативната кариера.
Една неодамнешна анкета меѓу пензионери покажа дека луѓето се прилично среќни што не мора да работат и речиси немаат никаков проблем да си најдат занимација - посебно ако немаат сериозни проблеми со пари.
Еден од најдобрите играчи на светот се прости од омилената игра на начин на којшто им доликува само на великаните. Уфрли 60 поени и одржа емотивен говор по триумфот со Јута Џез.
Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.
Легендарниот 45-годишен Холанѓанец кој стана еден од најдобрите голмани во клупската историја на Јувентус и Манчестер Јунајтед се согласил да му помогне на клубот со кој го врзуваат убави спомени.
Повремено гледаме како некои фудбалери ги прекинуваат кариерите поради несреќни повреди, но исто така има играчи кои се чини дека ќе играат засекогаш и вешто ѝ бегаат на пензијата.
По крајот на активните кариери, спортистите најчесто со заработеното отвораат ресторани, пабови или кафулиња каде се дружат со поранешните колеги. Сепак има и такви кои одат да сечат дрва, да прават палачинки или да работат како чувари.
Ферги заработил 5,5 милиони евра за 12 месеци откако се повлече од Јунајтед и од фудбалот. Заработува од издавачките куќи, од улогата амбасадор на Манчестер и од јавните настапи по светот.
Ниту едно име не е залутано на листава. Сите беа дел од кремот, но годините ги стасаа па копачките почнаа да ги закачуваат на клинец. Абидал го победи ракот, Занети и Гигс трчаа до 40, а Ривалдо им водеше инает на годините и се повлече на 41.
Во зависност од тоа колку време бил на печалба како мал, толку пати дедо ти ти ја има кажано тајната да се пензионираш како милионер - штеди од колку што е можно порано. Сега има и математика по која можеш да се водиш, ако не ти е јасно што зборел стариот.
Кога пред неколку години го шокираше светот (ова малку условно де) со најавата дека дефинитивно се повлекува од снимање порно филмови, тоа го објасни потсетувајќи дека има деца. Денеска повторно се враќа пред камерите, од истите причини.
Германскиот стратег кој пред 6 години веќе беше еднаш во пензија и покрај шпекулациите дека ќе седне на "жешкото" столче на Реал Мадрид одлучи да се повлече и да му се посвети на семејството.