Неколку месеци ѝ беа доволни на госпоѓа Кети Фергусон да се увери дека со пензијата на сопругот ќе можат конечно да се опуштат и да уживаат во заслужената пензија.
Откако ја напушти клупата на Јунајтед во 2013-та година, Сер Алекс не застанал ниту еден ден, а паралелно со тоа се зголемувала и неговата банкарска сметка, пишува Газета дело спорт.
Фирмата Александер Чепмен Фергусон Спорт Промоушн, во која Ферги и неговата сопруга биле водечки луѓе во 2012-та година им ја препуштиле на нивните три деца. Од 2013-та до денес, компанијата е во плус од 3.909.913 милиони фунти или 5,5 милиони евра.
Како што пренесува Дејли Мејл, 73-годишниот Фергусон во првите 12 месеци откако го напушти фудбалот најмногу заработил од продажбата на неговата биографија, која е печатена во повеќе од милион копии. Ферги заработува и како амбасадор на Манчестер Јунајтед (20 денови работа годишно за 2 милиони фунти или 2,9 милиони евра.)
Шкотланѓанецот заработил и од неговите ораторски способности ширум светот. Работел за престижната агенција Хари Вокер во Њујорк која работела со луѓе како Клинтон, Хенри Кисинџер, Кофи Анан и Боно кои зборуваат на најважните светски конференции за 100.000 фунти или 142.000 евра од настап.
На почетокот на неделава, Ферги потпишал нов договор со компанијата кој го обврзува до крајот на годинава. Ќе има прилика да ја промовира својата последна книга "Leading", која е пишувана во соработка со Мајкл Мориц. Книгата ги раскажува тајните на успехот на и надвор од теренот за време на тренерската кариера на Ферги во Шкотска (Абердин) и во Англија (Јунајтед).