Уште едно големо име од последната ера на НБА им мафна на навивачите за последен пат. Тим Данкан, Коби Брајант и Амаре Стадемаер се повлекоа летово и сега му дојде редот и на The Big Ticket, човекот кој коментаторот Трент Такер кој ги пренесуваше средбите на Минесота Т-вулвс го нарече така поради тоа што луѓето во градот купувале карта само за да го гледаат него, а не и другите.
Во случај да се решеше да одигра уште една сезона, тоа ќе беше рекордна 22-ра по ред на Гарнет во НБА лигата. Вака со Роберт Париш и Кевин Вилис се тројцата играчи кои најдолго се задржале во најдобрата светска лига.
Како и Данкан, и Гарнет е мост меѓу генерациите, подвижен линк меѓу минатото и иднината. Замислете само дека играл со Тери Портер и Спад Веб во својата руки сезона и со Карл-Ентони Таунс и Ендрју Вигинс во последната. Портер и Веб денес имаат по 53 години, Таунс и Вигинс имаат по 21 и се спремаат за евентуален прв настап на Ол-Старот.
Гарнет беше единствен вид во НБА: модерен пивот кој немаше време да учи како се игра во рекетот, туку со 20 години стана првиот кошаркар кој од средно школо директно отишол во НБА. Кеј-Џеј беше единствениот кошаркар во лигата кој можеше успешно да ги покрие сите пет позиции.
Ако нешто може да му се замери, во кариерата, тоа е што Гарнет беше многу пред своето време и лигата не знаеше како да го искористи. Данкан и Гарнет беа столбови меѓу крилните напаѓачи на новата ера кои ја сменија парадигмата за таа позиција и со таа тенденција охрабрија играчи како Крис Вебер, Рашид Волис, Дирк Новицки и Џермејн О’Нил.
Сите тие дојдоа во НБА при крајот на Златната ера на центрите кога Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон и Шекил О’Нил владееа во рекетот. Со појавата на Гарнет, НБА доби нов, сестран играч кој стана пример за следните генерации frontcourt кошаркари.
После 21 година во НБА дојде време за разделба. Можеби со малку симболика, славниот број 21 се прости токму после 21 одиграна сезона во текот на кои го смени општото сфаќање на играта на својата позиција и изврши големо влијание на кошарката која што денес ја сакаме.
„Само да се заблагодарам. Не можам ниту се да преточам во зборови. Просто - благодарен сум на сите за големата љубов. Никогаш не сум помислил дека луѓето волку ме сакаат. Но реалноста е нешто друго. Човеку!“, кажа Гарнет во пораката со која на јавноста и соопшти дека заминува.
Во Минесота Кевин стигна во далечната 1995. година директно од средно школо. После него тоа го направија Коби и Леброн и многу други. Во дресот на Тимбервулвс, Гарнет стана прв играч кој заработи 15 Ол-Стар настапи. Минесота на времето го направи најскапо платениот спортист на светот (во ’97-ма потпишаа договор на 126 милиони долари а Кевин им врати со тоа што ги внесуваше во Плејофот).
Во 2003/2004 беше МВП на сезоната поради тоа што самиот ги влечеше „Волците“ до финалето на Западната конференција што до ден денес остана најголем лимит на франшизата.
Во 2007. се пресели во Бостон и во дресот на Селтикс го оствари тоа поради што дојде во овој клуб. Ја освои титулата во 2008. година заедно со Пол Пирс и Реј Ален и ја врати славата на најзначајната организација во историјата на НБА.
Бостон го напушти пред крајот на кариерата и замина во Бруклин каде помина фантастична година ипол до 2015-та кога Флип Сандерс го убеди дека е време да се врати дома - во Минесота. Кевин Гарнет заминува во пензија како играч со најголема заработка од кошарката затоа што од почетокот на 1995 година до 2016-та на неговата сметка стигнале рекордни 330 милиони долари.