Страшен кам бек на Денвер од -23, доминација на Јокиќ со 40 поени

Со Јокиќ не се излегува на крај. Атланта и при водство од 71:48, не успеа да ги победи Денвер, кои го направија третиот најдобар пресврт во својата историја за 9-та победа над Хокс, на последните 10 нивни соочувања. 40 поени, 9 скока и 8 асистенции на Јокиќ од кои 30 во второто полувреме.

Џамал Мареј повторно имаше важен придонес со 23 поени, 12 асистенции и 5 скока. Тим Хардавеј имаше 17 поени, а Кам Џонсон 16.

6 декември 2025 - 09:14