Денвер го совлада Бруклин со 124:105, натпревар на кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук станаа првите играчи од иста екипа кои успеале да остварат трипл дабл на повеќе од еден меч. 35 поени, 15 асистенции и 12 скока за Јокиќ за трипл дабл број 162 во кариерата. 25 поени, 11 скока и 10 асистенции за Вестбрук кој го запиша 214-от трипл дабл.