Мега битка Јокиќ vs Шенгун со трилер завршница која ја доби Србинот

Денвер Нагетс ја слави четвртата победа по ред, против Хјустон, а втора сезонава, во лудница натпревар со продолженија. Само пет трипл дабл учиноци го делат Јокиќ од Оскар Робертсон.

Нагетси го добија тимот од Тексас со 128:125 (117:117), со уште една фантастична игра на Никола Јокиќ, кој го запиша 12-от трипл-дабл сезонава, односно 176-ти во регуларниот дел или 194-ти во кариерата, вклучувајќи ги и плејоф средбите.

Српскиот ас имаше вистинска лична војна со Алперен Шенгун и исто како и пред три недели, излезе како победник. И двајцата решетаа со трипл дабл. 

Јокиќ: 39 поени (13/27, 5/9 за тројки), 15 скока, 10 асистенции, 2 блокади, 4 изгубени топки. Шенгун: 33 поени, 10 скока, 10 асистенции, 14/27 шут од поле).

Последните три и пол минути од регуларниот дел беа особено возбудливи, кога Јокиќ и Шенгун ги завршија сите напади на своите тимови. Во тој период, Србинот го држеше Денвер во живот. Постигна 8 поени, вклучувајќи две тројки. Од друга страна, Шенгун имаше сериозна поддршка од Кевин Дурант.

Најдобриот кошаркар на планетата немаше среќа да го реши натпреварот во последната секунда. Промаши шут за три поени, но во продолжението, Денвер одигра многу подобро во првите две и пол минути и стигна до петтиот триумф во низа. Денвер се втори со 19-6, Хјустон шести со 16-7.

Заедно со Јокиќ, одличен натпревар одигра и Џамал ​​Мареј со 35 поени и со голема улога во продолжението. Кам Џонсон и Тим Хардавеј додадоа по 13, Џонс 11. Дејвид Аделман не можеше да смета на Арон Гордон и Кристијан Браун.

Од друга страна, Шенгун имаше помош од Дурант кој постигна 25 поени, Џабари Смит и Џош Огоки дадоа по 16, а Амен Томпсон и Рид Шепард по 14.

 
16 декември 2025 - 08:23